KAJDE

За плановите што не се прават сами

Убав ден.
Добар план.
Ајде заедно.

Некој во близина е за истото што и ти. Кафе, прошетка или нешто спонтано — со KAJDE, најдете се и договорете се.

Разгледај го радаротНаскоро на App Store
Шарена илустрација на градски кварт: кафе, велосипедисти и пријатели покрај река
Поздрав од твоето соседство01 / KAJDE
ПОМАЛКУ СКРОЛАЊЕ18+ПОВЕЌЕ ДРУЖЕЊЕ

Добро друштво.
Некаде блиску.

КафеПрошеткаСпортДружењеЈадењеПијачкаПомошИгротека

KAJDE · Сите активности, сите мали планови

За што си денес?

Кафе — KAJDE

Кафе

01 / KAJDE
  • Утринско кафе
  • Кафе и муабет
  • Настан во близина
  • Десерт
Прошетка — KAJDE

Прошетка

02 / KAJDE
  • Пешачење 10.000 чекори
  • Пешачење
  • Парк
  • Планинарење
  • Домашно милениче
Спорт — KAJDE

Спорт

03 / KAJDE
  • Трчање
  • Теретана
  • Велосипед
  • Фудбал
  • Баскет
  • Тенис
Дружење — KAJDE

Дружење

04 / KAJDE
  • Досадно ми е
  • Друштвени игри
  • Филм
  • Шопинг
  • Прошетка низ градот
  • Велосипедизам
  • Возење мотори
Јадење — KAJDE

Јадење

05 / KAJDE
  • Појадок
  • Ручек
  • Вечера
  • Брза храна
Пијачка — KAJDE

Пијачка

06 / KAJDE
  • Пиво
  • Вино
  • Коктел
  • Безалкохолно
Помош — KAJDE

Помош

07 / KAJDE
  • Волонтирање
  • Згрижување напуштени животни
  • Помош за учење
  • Помош за работа
  • Споделување идеи за работа
  • Придружба на постари лица
  • Помош при селидба
Игротека — KAJDE

Игротека

08 / KAJDE
  • Игра и дружење
  • Родителско кафе
  • Креативна работилница
  • Игра на отворено

Друштвото е поблиску отколку што мислиш

Истиот план.
Во твојот
мал свет.

Избери што ти се прави и види кој е слободен во близина. Точната локација останува приватна — се прикажува само приближно растојание.

Пробај го примерот: избери план или кругче на радарот. Ова е илустрација, не вистински корисници.

Во близинаПРИМЕР
ТИ
Ана · 350 м

Слободен/на за кафе

Од „што правиме?“ до „се гледаме!“

Не треба многу.
Само да си за.

Три едноставни чекори. А сè после тоа е ваша приказна.

01

Избери план.

Кафе, прошетка, спорт или нешто друго. Означи што ти се прави — или само дека си слободен/на.

02

Најди друштво.

Погледни кој во близина е за истиот план. Одбери растојание што ти одговара.

03

Договорете се.

Испрати барање. Кога ќе биде прифатено, се отвора разговор. Време е да го договорите планот.

На македонски и уште 12 јазици. За повеќе луѓе да се разберат.

Ѕирни во вистинската апликација
Почетен екран
Почетен екран
Радар
Радар
Разговор
Разговор
Активности
Активности

За апликацијата

Запознај луѓе
во близина.

KAJDE ти помага да пронајдеш луѓе во близина што се слободни за истиот план токму сега.

Избери што ти се прави, постави колку блиску сакаш да бараш и види ги соодветните луѓе во „Луѓе околу мене“ или на Радарот. Испрати барање за поврзување, договорете план и продолжете го разговорот во апликацијата.

Можеш да:

  • се појавиш како Слободен/на без да избереш конкретна активност;
  • избереш кафе, дружење, јадење, спорт, прошетка, култура и повеќе;
  • го прилагодиш растојанието на пребарување и времето на слободност;
  • откриваш луѓе во близина преку приближно растојание;
  • испраќаш и прифаќаш барања за поврзување;
  • разменуваш текстуални пораки откако ќе се поврзете;
  • пријавиш или блокираш друг корисник;
  • побараш или понудиш помош: волонтирање, учење, придружба на постари лица и повеќе;
  • ја избришеш својата сметка директно од апликацијата.

KAJDE не ја прикажува твојата точна локација на другите корисници. Радарот е приближен визуелен приказ и не е мапа ниту компас.

Средбите договарај ги на јавно место, кажи му на некој што му веруваш каде одиш, и користи пријавување или блокирање секогаш кога не се чувствуваш пријатно.

Поддршка: kajde2026@gmail.com

Радар — KAJDE
Вистинскиот радар во KAJDE

Твојот простор, твои правила

Отворен/а за
дружење.
Со приватност.

KAJDE е за возрасни (18+). Средбите ги договарате сами; апликацијата не ги организира и не ги проверува корисниците. За прва средба, избери јавно место.

  • 01
    Блиску, без точна локација.

    Другите гледаат приближно растојание, а не каде точно се наоѓаш.

  • 02
    Разговор, со обострана согласност.

    Разговорот се отвора откако барањето ќе биде прифатено.

  • 03
    Ти одлучуваш со кого.

    Пријави или блокирај корисник од профилот или разговорот. Сметката можеш да ја избришеш во апликацијата.

  • 04
    Пораките не остануваат засекогаш.

    Пораките се бришат автоматски по 48 часа. Без реклами и без следење.

Една мала порака

Имаш нешто
да ни кажеш?

ДО: ТИМОТ НА KAJDEkajde2026@gmail.com

Прашање, идеја или пријава? Пиши ни. Ќе ни биде драго да те слушнеме.